Градоначалникот Бил де Бласио во средата објави нов поттик за вакцинација, што ги стимулира граѓаните да ја примат првата доза од вакцината против Ковид-19. Поттикот вреден 100 долари важи за сите граѓани и вработените кои се уште не ја примиле првата доза, објави Си -Ен -Ен.

Секој што не сака пари може да добие уште еден подарок, како што се билети за фудбалски натпревар во Њујорк, билети за Бруклин Сајклонс, пропусница за 10 возења со траектот во Њујорк и некои други поволности.