Во чест на големиот државен празник, 2 август – Ден на Републиката, делегации на СДСМ денеска ќе положат цвеќе и ќе оддадаат почит на загинатите борци на неколку локации.
Во Пелинце, пред Меморијалниот центар АСНОМ, во 9.50 часот, во рамки на државното одбележување на празникот, почит ќе оддаде и ќе положи свежо цвеќе делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, придружена од организациониот секретар на СДСМ, Мартин Попов и пратеникот и претседател на ОО СДСМ Куманово, Мартин Костовски.
Во Крушево, во рамки на државното одбележување на празникот, делегација на СДСМ предводена од Димитар Ковачевски, член на извршниот одбор на СДСМ, придружуван од Бисера Стојчевска -Костадиновска, пратеничка на СДСМ и Сотир Габелоски ќе положат свежо цвеќе во 11.30 часот кај Македониум и пред споменикот на Слива „На хероите на Слива“, подоцна во 18.00 часот ќе присуствуваат на уметничката програма кај Мечин Камен придружувани и од организациониот секретар на СДСМ Мартин Попов.
Во Скопје, делегација на СДСМ во состав од д-р Милена Стевановиќ, членка на извршниот одбор на СДСМ, заедно со Даниела Марковска, пратеничка на СДСМ и Саша Димитријевиќ, потпретседател на СДММ во 9.00 часот ќе положи свежо цвеќе пред споменикот на Методија Андонов – Ченто, во 9.15 пред споменикот на АСНОМ во парк Жена Борец и во 9.20 часот пред споменикот на Никола Карев.