Државата ќе им исплати над 866 милиони денари за субвенции на овчарите и градинарите

од Nikola Popovski
439 прегледи

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ги известува производителите на градинарски култури и одгледувачите на овци дека во текот на денешниот ден се процесуираат исплатите, соопшти директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски.

Според него, на 3124 одгледувачи на овци, ќе им бидат исплатени 633.4 милиони денари, а 10.574 градинари ќе добијат 233.4 милиони денари.

-Во меѓувреме се обработуваат решенијата за исплата на субвенциите за говеда, овци, пчели и останатите дополнителни плаќања. Од наредната недела се очекува да започне и надополнувањето на картичките за зелена нафта. Во текот на летото остануваме посветени на целосна и неселективна исплата на директните плаќања како финансиска поддршка за сите земјоделци, информира Бачовски.

Слични содржини