Микробиологот Никола Пановски упати апел до граѓаните на земјава кои деновиве ја примиле првата доза на вакцината против Ковид-19, да не влегуваат во објектите во кои власта дозволува да влегуваат, бидејќи се уште немаат имунитет,
– Почитувани жители на Македонија, вие кои сте примиле една доза вакцина деновиве или ќе ја примите следниов период, а не сте прележале ковид. Ве молам да не влегувате во објектите во кои власта ви дозволува да влегувате. Вие се уште немате имунитет, не сте заштитени, под голем ризик сте таму да се заразите и потоа да ја ширите заразата. Потврдата не ве штити од зараза, нека не ви дава лажна сигурност. Откога ќе ја примите втората доза и ќе поминат две недели, тогаш може да претпоставиме дека сте заштитени, порачува Пановски.