Консумирањето ореви го намалува нивото на холестерол

од Vladimir Zorba
929 прегледи

Консумирањето околу половина шолја ореви секој ден во текот на две години го намалува нивото на LDL холестерол, познат и како „лош холестерол“, покажува новата студија објавена во водечкото списание на Американската асоцијација за срце – „Circulation“.

Истражувањето што го покажа овој ефект на оревите врз холестеролот се однесува на постарите возрасни лица.

Консумацијата на ореви доведе до намалување на вкупниот број на LDL честички поврзани со атеросклероза, што се јавува како резултат на акумулација на масни наслаги во артериите, пренесe Science Daily.

Д-р Емилио Рос, еден од авторите на студијата, ги истакна бројните придобивки од конзумирање ореви.

„Оревите имаат оптимален состав на хранливи материи, вклучувајќи значителни количини на алфа-линоленска киселина, растителни омега-3 масни киселини, полифеноли и фитомелатонин. Редовното консумирање на ореви не само што може да го намали нивото на LDL холестерол, туку може да ги направи честичките на LDL помалку склони кон „влегување“ во артериите.

Во ова истражување учествувале 636 луѓе на возраст од 63 до 79 години.

Околу 32 проценти од нив земале статини, лекови за намалување на високиот крвен притисок, што е типично за оваа популација. Едната група не консумирала ореви, додека другата додала половина чаша ореви во секојдневните оброци.

Оние учесници кои консумираа ореви го намалија нивото на LDL холестерол во просек за 4,3 милиграми на децилитар (мг / дл), а вкупниот холестерол во просек за 8,5 мг / дл. Тие исто така го намалија бројот на вкупните честички LDL за 4,3 проценти и малите честички LDL за 6,1 проценти.

Слични содржини