236
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја пречекал германската канцеларка Ангела Меркел на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, и во таа прилика, ѝ се обратил на германски јазик.
Вучиќ, кој е домаќин на Меркел за време на дводневната посета, на својата гостинка ѝ посакал топло добредојде.
– Herzlich Wilkommen – рекол Вучиќ кога Меркел се симнала од авионот, а потоа и подарил букет цвеќиња.
По краткиот поздрав со српската делегација, Меркел се качила во автомобил и се упатила кон градот.
– Bis bald – рекол Вучиќ откако ја придружувал Меркел до вратата на автомобилот, што во превод значи „Се гледаме наскоро“.
View this post on Instagram