Член на судечкиот совет во изолација – одложено судењето  за „Меѓународен сојуз“

од Берта Китинска
254 прегледи

Од Основниот кривичен суд Скопје информираат дека утрешното судење  за „Меѓународен сојуз“ се презакажува за 28.09.2021 година.

-Ја информираме јавноста дека главната расправа за предметот со КОК бр. 49/20 позната како „Меѓународен сојуз“ насрочена за 22.09.2021 год., се презакажува за 28.09.2021 година во 10:00 часот, со оглед да член на судечкиот совет се наоѓа во изолација согласно протоколите за заштита од Ковид – 19. Воедно главната расправа за предметот со КОК бр. 63/21 познат како „Плацеви на Водно“, наместо на 23.09.2021 се презакажува за 27.09.2021 год. и 01.10.2021 год. во 10:00 часот, соопштија од судот.

Слични содржини