Најголемата добивка од обложување, лото, казино и учество во наградни игри, остварил жител на Тетово, кој имал освоил 40 милиони денари, информира денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска на прес-конференција на која ги објави највисоките бруто-годишни остварени во 2020 година.
Таа додаде дека скопјанка го имала најголемиот бруто доход за изминатата година, односно остварила доход од нешто над 453.1 милион денари во текот на целата година.
-Најмладиот милионер во земјава за изминатата година е роден 2013 година, додека најстариот е 96-годишно лице. Доход над 1 милион денари во 2020 година имале 40.021 граѓанин, информира Лукаревска.
Во однос на највисоката бруто плата, таа ја има граѓанин од Струга.
-Остварена е во индустријата со метали и изнесува 105,2 милиони денари, наведе директорката на УЈП.