511
Штотуку го искористив своето право на глас и очекувам денешниов изборен ден да продолжи во демократска атмосфера и секој еден да биде на висина на задачата. Локалните власти се првата отворена врата за граѓаните и денеска граѓаните ќе одлучат, изјави потпретседателката на СДСМ Сања Лукаревска.
Според неа волјата на мнозинството ќе го определи развојот на секоја општина и на градот Скопје.
-Верувам дека тоа ќе биде патот по кој ќе продолжи напредокот. Очекувам дека граѓаните ќе го искористат своето право, но и обврска да излезат и да гласаат, изјави Лукаревска.