Владата денеска ја усвоила предлог-одлуката за прогласување на дел од Малешево за заштитен предел, односно заштитено подрачје во категорија V, информира Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП).
Со оваа одлука, територијата на заштитени подрачја на ниво на државата се зголеми на 13.8%, додаваат оттаму.
„Површината на идното заштитено подрачје заштитен предел-Малешево изнесува 11460.89 хектари, во рамките на кое се предложени и дефинирани три зони во заштитено подрачје Малешево, воспоставени заради вршење на дејноста за заштита и унапредување на природата“, вели министерот Насер Нуредини.
Министерството претходно спроведе кампања под слоганот „Да го зачуваме Малешево за идните генерации“ пред да се прогласи дел од Малешево за заштитен предел.