Чадор организација на светскиот фудбал (ФИФА) воведе иновации и ограничувања во идните трансфер периоди. Измените првенствено се однесуваат на позајмица на играчи на други клубови.
Новото правило ќе стапи на сила на 1 јули оваа година. До 31 јуни 2023 година клубовите ќе можат да имаат најмногу осум позајмени играчи од други клубови.
Потоа тој број дополнително ќе се намали во периодот од 1 јули 2023 година до 31 јуни 2024 година, кога според правилата на ФИФА, на клубовите ќе им биде дозволено да имаат седум фудбалери на позајмица. И конечно, од 1 јули 2024 година, бројот на позајмени играчи ќе биде шест.
Правилото нема да важи за фудбалери помлади од 21 година и за оние за кои се смета дека потекнуваат од клубот. ФИФА исто така одлучи да го ограничи бројот на позајмени играчи на еден клуб на тројца. Исто така, во текот на сезоната нема да може да се раскине позајмицата со еден клуб и да се започне нова во друг клуб. Минималната и максималната должина на заемот ќе бидат ограничени на една година.