Иако беше предвидено, поради немањето кворум Советот на јавни обвинители на денешната седница не донесе одлука за избор на пет нови јавни обвинители за Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).
Претседателот, Антонио Јолевски, на денешната седница информира дека немало кворум, односно на седницата не се појавиле тројца членови на Советот, Љубомир Јовески, Иџет Мемети и Љупчо Ивановски.
Претседателот на Советот истакна дека во јуни им истекува мандатот на уште на тројца обинители.
Членовите на Советот на оваа седница констатираа дека состојбата во основните јавни обвинителства е лоша. Според потребната систематизација во Основното јавно обвинителство Тетово е предвидено да работат десет обвинители, а во моментов во ова обвинителство работат двајца јавни обвинители. Лоша состојба исто така е утврдена и во Крива Паланка, каде обвинители од ОЈО Куманово ги покриват настаните од овој регион.