Камчев: Груевски ги заменил плацевите на Водно со три стана со површина од 750 квадрати

од Nikola Popovski
310 прегледи

На денешното рочиште од случајот „Плацови на Водно“, своја одбрана даде и обвинетиот Орце Камчев. Тој одговори дека Груевски ги заменил плацевите на Водно со три стана со површина од 750 метри квадратни на атрактивна локација на Водно.

Камчев информира дека плацовите првично биле купени преку фирмата „Сирах инженринг“, која е фирма-ќерка на „Сирах лимитед“ од Белизе, а обвинителството тврди дека тоа се правело за да се скрие нивниот краен сопственик – експремиерот Никола Груевски, првообвинет во случајот.

Според него, тој морал да го купи земјиштето на Водно, затоа што се плашел од одмаздољубивоста на Груевски.

-Во зградата ,,Панорама Резиденс” три апартмана со квадратура од 750 метри квадратни. Не се под хипотека, се чуваат за примопредавање. Ги чува Мето Стојчевски. Знам дека се за Никола Груевски, тоа е јас што знам, одговори Камчев.

Следното рочиште за случајот „Плацеви на Водно” е закажано на 28 март, за кога е најавено и одбраната на обвинетиот Сашо Мијалков.

 

Слични содржини