Најголем број претставки поденесени до Народниот правобраните се однесуваат на правосудство, една третина од вкупниот број претставки се однесуваат на постапките со извршителите, информираше денеска Народниот правобранител Насер Зибери, при презентацијата на извештајот за човековите права.
Тој посочи дека најголем проблем со кој се загрозуваат човекоите права се превисоките камати на долговите.
-Недозволиво е каматата да биде три пати повисока од основниот долг. Затоа, јас ќе поведам постапка пред владата како овластен предлагач на законите, каматата да се плафонира најмногу до сто проценти од основниот долг. Има граѓани кои цел живот се должници кон доверителите, поради ниските примања и превисоките камати. Тоа е недозволиво за една социјална држава како нашата, рече Зибери.