Министерството за здравство информира,согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:
Направени се 1.024 тестови, а регистриран е 41 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 31, Кавадарци – 4, Неготино – 2, Куманово, Прилеп, Тетово и Штип – по 1.Од вкупниот број на позитивни (41), регистрирани се 10 реинфекции.
Регистрирани сe 457 оздравени пациенти од: Скопје – 250, Битола – 33, Прилеп – 29, Охрид – 28, Тетово – 19, Кичево – 16, Велес – 10, Делчево – 9, Куманово и Гостивар – по 6, Кавадарци и Струмица – по 5, Кочани, Радовиш, Виница и Крушево – по 4, Штип, Гевгелија, Ресен , Дебар и Пробиштип – по 3, Струга и Богданци – по 2, Неготино, Крива Паланка, Валандово, Демир Капија, Македонска Каменица и Дојран – по 1. Во текот на изминатите 24 часа, е регистрирано едно починато лице од Кичево (89г), починато во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 2 починати лица од: Скопје (66г) и Кавадарци (55г). Од пријавените починати лица, едно лице е починато во домашни услови, и едно лице во болнички услови. Пријавените лица се починати на 15.03.2022 год.
Од вкупниот број на починати лица (3), кај две лица се регистрирани коморбидитети.
Направени се 1.024 тестови преку: ИЈЗ-68, ЦЈЗ Скопје-0, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово-0, ЦЈЗ Куманово-4 ,Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-29, Авицена-38, Биотек-119, Систина-26, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност-0, Генеа-0, Никоб Лаб-135, ВФВ Медикал-17, Ели Медика Плус-10, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–5, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 573.
Досега во земјата се направени вкупно 1.970.059 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 306.711, бројот на оздравени пациенти е 295.914, на починати е 9.231, а бројот на активни случаи изнесува 1.566.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна