Американскиот Стејт департамент го објави извештајот за човековите права во Северна Македонија за 2021 година, во кој се наведуваат случаи на несоодветно однесување и лоши услови во затворите, закани против новинари, родово и семејно насилство, а се нотираат и случаите на „сериозна владина корупција“ во кои беа вмешани високи функционери.
Народниот правобранител Насери Зибери во разговор за „Локално“ вели дека минатата година, според проблемите во претставките кои ги добил во првите неколку месеци од годината состојбите во затворите се влошуваат, во поглед на капацитетите, особено во затворениот дел на КПУ „Идризово“ како и во затворот во Штип.
-Од позиција на Народен правобранител, но и од предметното работење би можел делот за затворите подетално да ви го образложам, додека за состојбата со медиумите не би можел нешто поконкретно да кажам од причина што до институцијата не пристигнуваат преставки кои се однесуваат на медиумите, како што е на пример слободата на изразување, прашањата поврзани со нивната безбедност при вршењето на работата, иако ние ги следиме сите случувања во оваа сфера, па доколку има потреба покренуваме постапки по сопствена иницијатива. Само за пример минатата година кога беа протестите за пресудите за случајот „Монструм“, а во кој имаше поплака за повредени новинари, ние меѓу другото до обвинителството и до Министерството за внатрешни работи се обративме и за овој случај, појаснува Зибери.
Тој посочува дека ситуацијата во „Идризово“ повторно е доведена до тоа да затворениците поради недостаток на места во собите да спијат на импровизирани кревети во ходниците, нешто што според омбудсманот заслужува најостра критика и е надвор од сите законски норми.
-Што се однесува до состојбата во затворите, морам да истакнам дека минатата години, па и според проблемите во преставките кои ги добивме во првите неколку месеци од оваа година, состојбите тука се влошуваат, пред се од аспект на капацитетите, особено во затворениот дел на КПУ„Идризово“, а во оваа прилики би го споменал и затворот во Штип. Во „Идризово“ повторно состојбата е доведена до тоа да затворениците поради недостаток на места во собите да спијат на импровизирани кревети во ходниците, нешто што заслужува најостра критика, и што е надвор од сите законски норми, како домашни така и меѓународни. Веќе имаме отворено предмет за ваквата сосотојба и затворската управа, како и Управата за извршување на санкции мора под итно да го реши овој проблем. Реновирањето на затворите, посебно на најголемиот затвор во државата „Идрзиво“ сметам дека не се одвива со задоволитело темпо, впрочем тоа го покажува сегашната ситуација, затоа што ние не можеме да ги решаваме просторните услови/капацитетите преку донесување на амнестија како што тоа беше направено последниот пат.Поминаа неколку години откако истата беше дадена, капацтетите малку се олабавија, но сега повторно се појави стариот проблем, вели Омбудсманот.
Тој посочува дека државата мора да најде средства за подобрување на условите на затворениците, бидејќи како што вели тој во спротивно и понатаму ќе бидеме дел од извештаите на сите релевантни институции кои ги третираат човековите слободи и права.
-Значи ако не се прошируваат или реновираат зградите во овој и во другите затвори пренатрупаноста и лошите услови за сместување понатаму ќе биде голем проблем. Тука е и процесот на ресоцијализација, кој е само дел од законот, но во пракса не функционира,а да не зборувам за образиванието кое за жал не се организира ниту за штитениците од воспитно-поравите домови. Немањето на соодветна здравствена заштита е проблем на кој со години алармираме. Се сменија решенијата-сега лекарите се дел од јавното здравство, но соостојбите никако да се подобрат.Последните наши инфомации беа дека во речиси половината од затворите нема лекари, и друг медициснки персонал. Сето ова упатува на фактот дека овој сегмент треба посериозно да се опфати, а реформите да бидат посуштински. Едноставно државата мора да најде средства за подобрување на условите на затворениците, инаку и понатаму ќе бидеме дел од извештаите на сите релевантни институции кои ги третираат човековите слободи и права, подвелкува Народниот првабранител.
Зибери појаснува дека со непостапувањето по укажувањата дека со (не) донесувањето на некој акт, решение и слично органот повредува некое право на граѓанинот со самото тоа се покажува ниската свест кај институциите, нивниот демократски капацитет и тоа треба да не загрижува..
-Секому може да му се случи ваква ситуација- со Устав и со Закон да му биде загарантирано некое право , ама органот истото да му го прекрши, затоа што смета дека така треба да постапува. Тоа што Народниот правобранител не донесува мериторни одлуки и нема средства со кои би ги присилил институциите да ги спроедата неговите акти, туку неговата моќ лежи во аргументите и убедувањето не треба на некој начин да се злоупотребува, туку напротив демократските капацитети се покажуваат токму во вакви ситуации- кога и без присилини методи некој ќе си ја преиспита одлуката и ќе согледа дека навистина згрешил.Токму за ова што ме прашувате во 2016 година е изменет Законот за народниот правобранител, и е предвидено Собранието по разгледуваето на Годишниот извештај да утврдува мерки за спроведување на препораките и истите да ги достави до Владата, која,пак, на секои шест месеци треба да го инфромира Собранито за нивното спроведување. Веќе две години овој член не се почитува, ни е инструмент преку кој согледуваме дали и како се спроведуваат општите препораки, бидејќи посебните оние кои ги поднесувме по претставките институциите ги почитувааат. Проблем се општите препораки, појаснува тој.
Во однос на корупцијата и борбата против неа каде најмногу треба да се „притисне“, Зибери посочува дека согласно своите законски надлежности нема ингеренции во поглед на борбата против корупцијата, освен во сегментот на заштитата на укажувачите и во тој закон е посочен како една од институциите кај кои истите може да се обратат.
-Според моите сознанија досега многу малку предмети сме имале од оваа природа.Ако релевантните меѓународни и домашни институции вела дека државата има проблем со корупцијата, тогаш надлежните треба да ги разгледаат овие забелешки и да постапат по истите, затоа што и корупцијата преставува прекршување на човековите слободи и права, пред се во делот на владеењето на правото, вели тој.
Б.М.