250
Американската технолошка компанија IBM објави дека планира да се повлече од рускиот пазар поради конфликтот во Украина.
„Да бидеме јасни: го прекинавме целиот бизнис во Русија“, напиша извршниот директор на IBM Арвинд Кришна во соопштение, цитирано од Раша Тудеј.
На почетокот на март, IBM објави суспензија на комерцијалните активности во Русија, со прекинување на продажбата на софтвер и соработка со руски одбранбени компании.