Корисниците ширум светот утрово пријавија проблеми со апликацијата Инстаграм

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Популарната апликација и социјална мрежа Инстаграм од утрово има одредени проблеми.

Според DownDetector, сајт кој го следи статусот на онлајн услугата, многу корисници пријавиле проблеми со апликацијата рано утринава.

Всушност, дури 87 отсто од вкупно пријавените грешки се поврзани со апликацијата.

Некои корисници не можат да вчитуваат фотографии за „стори“, додека некои пораки доцнат или воопшто не пристигнуваат, а имаше случаи кога главната страница беше само црн екран, бидејќи апликацијата не вчитуваше содржина.

Компанијата се уште не ги објавила овие проблеми, па не е јасно што точно е причината за прекинот.

Слични содржини