Реал го следи Рис Џејмс

од Vladimir Zorba
192 прегледи

Реал Мадрид внимателно го следи дефанзивецот на Челси, Рис Џејмс. 22-годишниот англиски репрезентативец го привлече вниманието на шпанскиот клуб. Засега не се планира да го ангажираат летово, но скаутите на „белиот балет“ ќе ги гледаат неговите настапи во претстојната премиерлигашка сезона и ќе го споделат своето мислење за него, а тој би можел да биде вклучен и во плановите за селекција за следната година, пренесува „Гол“.

Џејмс е дете на Челси и во последните години неговата кариера вртоглаво порасна откако се наметна во првиот тим. Тој имаше одлична мината сезона, забележа 39 настапи во сите натпреварувања со 6 гола и 10 асистенции.

Во исто време, десниот бек останува еден од најслабо платените играчи на „Стемфорд Бриџ“. Многу е веројатно дека новите сопственици наскоро ќе го повикаат на разговори за продолжување на неговиот договор, кој е до летото 2025 година.

Слични содржини