Не знам од помладите колеги, дали има обвинител за кого немало поднесено кривична пријава. Никогаш ова не се случило како сега што се случи со мене. Ова е навистина преседан во работењето. За мене имало многу кривични пријави и за многу други обвинители. Уште има обвинители за кои се води предистражна постапка, вели обвинителката Вилма Русковска, која е времено оддалечена по пријавата на екс-директорот на Управата на финансиска полиција, Арафат Муареми.
На прашањето зошто некој би сакал да ѝ се одмазди на овој начин, Русковска изјави дека против поранешен премиер не водела предистрага или истрага, освен против Никола Груевски за организаторите на настаните од 27-ми април.
-Притисоци и закани имало, но не сакав да ги пријавам бидејќи сум сметала дека можам сама да се изборам и да се носам со тоа. Сум успеала да се носам со тоа, но не претпоставував дека вакво нешто може да ми се случи, кажа Русковска во емисијата „Топ тема“.