Партијата на Обединети Демократи на Македонија – ПОДЕМ, во 30.10.2022, го одржа Четвртиот Конгрес (“Обединети за стабилна Македонија”), во големата сала на Народниот театар во Битола, во присуство на 386 делегати од сите Општински организации на ПОДЕМ. На Конгресот беа избрани 53 членови на Централниот Одбор и 7 членови на Надзорниот Одбор. Истовремено едногласно за Претседател на ПОДЕМ беше (ре) избран проф. д-р Живко Јанкуловски.
Во своето обраќање г-дин Живко Јанкулоски истакнал:
-Идејата за постоење на ПОДЕМ подразбира најпрво стабилна партиска инфраструктура во 53 општини во Македонија, со над 18.000 членови, со формирани и активни Организации на жени и млади со над 12.000 членови, со одржани конференции на млади и жени со 500, односно 300 делегати, значајни изборни резултати од еден до друг изборен циклус, со раст на довербата на граѓаните, што видливо се отчитува преку приклучувањето нови членови кои ја препознаа визијата и мисијата за подем на Македонија. Досега се одржани 3 конгреси и две конференции, велат од партијата.
Понатаму претседатедлот на ПОДЕМ истакнал:
-На овој пат продолжуваме и понатаму, зашто цврсто веруваме и чувствуваме дека стратешката визија на ПОДЕМ за економски и политички стабилна, интегрирана и почитувана Македонија е реална и остварлива. И токму во насока на остварување на целите кои ја сочинуваат стратешката визија е и реализацијата на проектите од Програмата на ПОДЕМ, кои вклучуваат имплементација на европските стандарди во областа на земјоделството, економијата, социјалната политика, здравството, образованието, локалната самоуправа, меѓународните односи, културата, спортот и сите други области на општествено-политичко живеење и работење, соопштија од ПОДЕМ.