Пакистан: Експлозија во џамија, има жртви

од Radmila Tasevska
139 прегледи

Десетици луѓе се повредени во експлозија во џамија во Пешавар, северозападен Пакистан.

Силна бомба експлодира денес во близина на џамија и полициски канцеларии во северозападниот пакистански град Пешавар, при што загинаа најмалку две лица, а беа ранети десетици верници, соопштија полицајци и владини претставници.

Експлозијата се случила во џамија каде што голем број луѓе се собрале на молитва, изјави полицискиот функционер Сикандар Кан за новинската агенција Ројтерс.

„Дел од зградата се урнал и се верува дека под неа се затрупани неколку луѓе“, додал Кан.

Мухамед Асим, портпарол на болницата Лејди Ридинг во Пешавар, рече дека примиле 90 повредени лица, од кои некои се во критична состојба.

Новинарот на Ал Џезира, Камал Хајдер, во извештај од Исламабад изјави дека според објавените детали, се верува дека нападот го извршил бомбаш самоубиец.

„Добиваме и детали … бомбашот самоубиец лично седел во првиот ред на заедничката молитва во џамијата“, додаде тој.

Слични содржини