Уште четири тела извлечени од згмечениот воз: „Нашите луѓе видоа ужасни сцени“

од Stefanija Kuzmanovska
270 прегледи

Бројот на жртвите во трагедијата во Лариса се искачи на 47, јавуваат грчките медиуми. Спасувачите се уште ги пребаруваат вагоните на патничкиот воз, кој во вторникот вечерта излета од шините по верижен судар со товарен воз.

Спасувачите рано утринава пронашле уште четири тела во третиот вагон на патничкиот воз.

Портпаролот на противпожарната единица истакнал дека потрагата на теренот и вагоните траела цела ноќ.

„Нашите луѓе видоа ужасни сцени. Излеговме уште четири тела“, рече портпаролот.

Тој рече дека акцијата ќе продолжи до извлекување на последното тело.

Тој посочува дека во овој момент е тешко да се каже колку луѓе се уште се заробени во згмечените вагони.

„Целиот багаж, се што било во возот паднало врз луѓето. Прво ги отстрануваме предметите, за да можеме да ги извадиме телата“, објаснил портпаролот.

Тој истакнал дека најлошите сцени ги виделе во првиот вагон, кој се запалил по страотниот судар.

Да потсетиме, два воза се судрија кај Лариса во вторникот околу 23 часот. Во патничкиот воз имало околу 340 патници и 13 членови на екипажот.

Слични содржини