Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
На средбата се разговараше за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, партнерството во НАТО, ОН и ОБСЕ, македонските аспирации за членство во Европската Унија, како и за состојбите во поширокиот регион и за уставните промени.
Пендаровски оцени дека Германија е еден од најблиски сојузници и најсилни поддржувачи на Северна Македонија на интегративниот пат кон ЕУ, а германските власти веќе три децении, во континуитет, ја демонстрираат посветеноста кон нашата држава и регионот.
Во тој контекст претседателот Пендаровски изрази очекување за натамошна силна поддршка за процесот на пристапување кон Европската Унија.