САКАМ ПРАВДА, НЕ ПАРИ, вели Доцевска Божиновска која ја доби Македонија во Стразбур за упадот во Собранието на 27 април и побара слобода за „уставобранителите“

од Vladimir Zorba
326 прегледи

„Голема сатисфакција ми е напишаното на тоа парче хартија, сериозна потврда за тоа што беше и е евидентно од самиот почеток дека се работи за монтиран политички процес, со ѕверски притвори, уште поѕверски воден судски процес во крајно нехумани услови и околности (рочишта секој ден во низа, по 10-12 часа, без храна и вода…), драконски изречени казни за недокажано дело“, вели Елена Доцевска Божиновска од ВМРО-ДПМНЕ, која порача дека сакала правда, а не пари.

Таа треба да добие дури 1.600 евра од државата оштета.

Пресудата, според неа, е печат на тоа што повеќе од 5 години го кажуваат од нејзината партија, и што „засекогаш ќе се раскажува како најголема неправда во историјата на македонското правосудство и нешто што никогаш не смее да се повтори“.

„Во услови на 4 посто доверба во судството, кршење и непочитување на закон, Устав на дневно ниво веќе, не, не би покренувала постапка и не би чекала правда од некој што е слеп пред неа, не би чекала примена на закон, од некој што го крши и применува по нарачка од штаб.

Со оваа Пресуда од Европскиот суд за човекови права (каде нема Кацарски/Русковски аршини) една битка е добиена, продолжуваме понатаму да ги биеме битките, ќе следат и други вакви пресуди за другите обвинети и осудени, продолжуваме до конечна победа и до конечна слобода на неправедно осудените Уставобранители“, кажа таа.

Слични содржини