Македонската и грчката полиција запленија кокаин во вредност од 10 милиони евра

од Stefanija Kuzmanovska
780 прегледи

Околу 160 килограми висококвалитетен кокаин запленет е од страна на македонската и грчката полиција во акција во Грција координирана со американската ДЕА.

Вредноста на кокаинот се проценува на повеќе од 10 милиони евра.

Разбиена е голема организирана криминална група која била следена подолг период, а уапсени се повеќе грчки и македонски државјани.

Од македонското МВР потврдуваат дека во тек е голема акција, но детали најавуваат по целосното зваршување.

Слични содржини