Голем број припадници на специјалните единици на косовската полиција се во населбата „Колонија“ во Звечан, каде се обидуваат да извршат нови апсења на Срби, дознава Танјуг.
Главната улица во Звечан е блокирана, а граѓаните се видно вознемирени.
Населбата Колонија се наоѓа во близина на општинската зграда каде што Србите секојдневно протестираат веќе четири недели.