195
Советот на НАТО одобри испраќање дополнителни сили на Косово поради актуелната ситуација, соопшти денеска Северноатлантската алијанса.
„Од мај го зголемивме присуството на силите на КФОР. Баш вчера Советот на НАТО одобри дополнителни сили поради актуелната состојба“, се наведува во соопштението.
Советот на НАТО денеска одржа состанок на кој се разговараше за ситуацијата на Косово, а членките на Алијансата изразија длабока загриженост за растечките тензии на северот.