Плејбој модел почина на само 38 години: Се забавуваше со Стерлинг и со Балотели (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
369 прегледи

Плејбој моделот и танчерка од Лондон, Таби Браун, која ги красеше насловните страници на Cosmopolitan и ELLE и излегуваше со познати фудбалери, како Рахим Стерлинг и Марио Балотели, почина на само 38 години.

Браун се појави во голем број рекламни кампањи за различни брендови, како што се Canon, Virgin Atlantic, AX и Lynx, а учествуваше и во реалното шоу „The Bachelor“.

Нејзиниот поранешен менаџер ја потврди тажната вест за смртта за The Sun. Шокираните обожаватели и музички ѕвезди, исто така, се огласија на социјалните мрежи за да ѝ оддадат почит на Таби.

„Каква светлина беше, твојата надворешност се совпаѓаше со она каква беше одвнатре, толку убава“, навел музичарот НејНеј.

„Ова е дефинитивно шок. Моето искрено сочувство до семејството и пријателите“, „Моето срце е скршено. Вистински ангел, те сакам, Табс. Ти испраќам љубов и светлина на твојот пат кон рајот“, „Почивај во мир, прекрасна душо“, гласат само дел од пораките на нејзините фанови.

Многумина се согласуваат дека Таби била „девојка каква што еднаш се раѓа“. The Sun потсети дека моделот првпат била видена со англискиот фудбалер Стерлинг во луксузен хотел во март 2016 година.

Таби се забавуваше и со фудбалерот Балотели седум месеци откако се запознаа во ноќен клуб во 2011 година. Италијанецот ја додал за пријателка на Фејсбук и ја убедил да оди на состанок со него.

Слични содржини