📽 НАД 500 УАПСЕНИ ВО ПРОТЕСТОТ ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС: Американските Евреи бараат прекин на конфликтот во Појасот Газа

од Stefanija Kuzmanovska
255 прегледи

Стотици демонстранти синоќа упаднале во зградата на Капитол Хил во Вашингтон, барајќи итен прекин на огнот во Појасот Газа.

Полицијата во главниот град на САД започнала да апси демонстранти, вклучително и групи предводени од американски Евреи кои носеле транспарент „Евреите велат – прекин на огнот сега“, пишува „Вашингтон пост“.

„Оплачете ги мртвите и жестоко борете се за живите“, пишуваше на друг транспарент што во зградата го донесоа околу 400 претставници на една од еврејските заедници.

Поединците носеа традиционална еврејска облека, додека повеќето носеа маици на кои пишуваше „Не во наше име“.

Полицијата набрзо почна да ги апси демонстрантите, оправдувајќи го таквиот потег со тоа што немаат дозвола за влез во зградите на Капитол Хил.

Протестот беше организиран од групата „Еврејски глас за мир“, која на профилот на платформата X напиша дека „бара да се стави крај на геноцидот врз палестинскиот народ, кој е потпомогнат и поттикнат од американската влада“.

Слични содржини