Веројатно сте слушнале дека луѓето го нарекуваат витаминот Д витамин на сонцето. Причината е тоа што телото го создава со изложување на УВ зраци и кој, кога го имате доволно, може да ви го подигне расположението. Тој исто така игра клучна улога во здравјето на коските, јачината на забите и силата на имунолошкиот систем.
„Витаминот Д е витамин растворлив во масти. Неговата главна функција е да му помогне на телото да ги апсорбира и регулира калциумот и фосфорот, осигурувајќи дека тие се достапни за зајакнување на коските и забите. Исто така помага во апсорпција на магнезиум, кој ја поддржува функцијата на мускулите и нервите, како и нивоата на енергија“, објаснува за Prevention Мелиса Перст, портпаролка на Академијата за исхрана и диететика.
Постојат два вида на витамин Д – витамин Д2 и витамин Д3. Витаминот Д2 се наоѓа природно во некои растенија, додека витаминот Д3 се наоѓа кај некои животни и човечката кожа го произведува со изложување на сончева светлина.
Придобивки од витаминот Д:
-Витаминот Д е вклучен во многу метаболички патишта и научниците продолжуваат да ја истражуваат неговата улога во болести на срцето, дијабетес, депресија и мултиплекс склероза, меѓу другите.
-Ги зајакнува коските и мускулите и имунитетот, придонесува за подобро здравје на срцето и го подигнува расположението.
Извори на витамин Д
Меѓу најдобрите природни извори на витамин Д се масните риби како лососот, туната, скушата и пастрмката, како и рибиното масло од црн дроб. Сирењата, жолчките, говедскиот црн дроб и печурките исто така имаат мали количини на витамин Д, додека храната како млекото, јогуртот, житариците и сокот од портокал често се збогатени со витамин Д.
„Тешко е да се добие доволно витамин Д само од храна. Треба да консумираме витамин Д и да се изложуваме на сонце за да се осигураме дека имаме соодветно снабдување за нашето тело“, наведе Перст.
Недостаток на витамин Д
Недостатокот на витамин Д треба да се потврди со тест на крвта. Повеќето симптоми се нејасни, а други пак лесно се предвидуваат. Симптомите на недостаток на витамин Д вклучуваат замор, мускулна слабост, болки во коските и мускулите, повеќекратни фрактури или повреди на коските и промени во расположението.