Драган С.(40) денеска се разнел со бомба на железничката станица во Чачак откако чекал да поминат возовите. Тој по потекло бил од селото Прањани, пренесе „Блиц.рс“.
„Ова е вистинска трагедија, згасна млад живот. Живеел сам со мајка му и колку што знаеме возел камион. Ова навистина не потресе сите“, изјавила за РИНУ жителка на Прањани.
Според други очевидци, пред оваа несреќа поминал патнички, а потоа и товарен воз, па се претпоставува дека човекот чекал да биде сам за да ја активира експлозивната направа. Седел сам на клупа која била издвоена од другите.
Сè се случило во 8 часот и 42 минути кога Д.С. активирал рачна бомба додека седел на клупа. Починал на лице место. Никој друг не бил повреден.
На лице место се голем број полициски службеници кои вршат увид.
Освен настраданиот, нема други повредени лица.