Шефот на воениот комитет на НАТО: Потребна ни е воена трансформација на алијансата

од Stefanija Kuzmanovska
225 прегледи

Шефот на воениот комитет на алијансата, холандскиот адмирал Роб Бауер, денеска ги повика јавните и приватните актери на Западот да го променат својот начин на размислување, фокусирајќи се на ефективноста, наместо на ефикасноста, со цел да се остане во чекор со новата ера во која, как што рече тој , било што може да се случи во било кој момент.

„Потребна ни е воена трансформација на НАТО“, изјави шефот на Воениот комитет на алијансата, холандскиот адмирал Роб Бауер, при обраќањето на состанокот на началниците на генералштабовите на членовите на западната воена алијанса во Брисел, пренесува „Ројтерс“.

Во минатото, според Бауер, јавните и приватните актери живееле во ера во која сè било предвидливо, контролирано и фокусирано на ефикасноста.

Сепак, Бауер посочи дека сега актерите мора да го променат начинот на размислување во ерата во која, како што вели, „било што може да се случи во било кој момент, во време кога треба да го очекуваме неочекуваното“.

Слични содржини