262
МВР соопшти дека синоќа жител на Куманово бил лишен од слобода поради обид за грабеж на автомобил.
На 02.02.2024 во 20.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.К.(30) од Куманово.
Тој се сомничи дека се обидел да одземе патничко возило „застава“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.Ј.(76) од Куманово.
-Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од полицијата.