Возач на ЈСП Скопје бил нападнат додека возел на смена на една од автобуските линии, известуваат од полицијата.
На 17.03 во 20.50 часот во СВР Скопје, А.З.(47) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како возач на автобус на ЈСП, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило тврд предмет.
МВР соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.