ВМРО-ДПМНЕ: На митинзите на Пендаровски има по 100 луѓе – да каже дали ќе го бојкотира вториот круг?

од Nikola Popovski
373 прегледи

Пендаровски да каже дали ќе го бојкотира вториот круг кога катастрофално ќе загуби во првиот, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Како што велат од партијата, на митинзите на Пендаровски има по 100 луѓе.

Според партијата на Христијан Мицкоски, „митингот на Пендаровски во Кисела Вода беше целосен дебакл за СДС како идна најголема опозициска партија“.

-Народот одамна не му верува на Пендаровски, затоа што 5 години нема свој став, и кога и да кажеше нешто, или сам се демантираше потоа или го демантираа СДС и ДУИ, особено вторите пред кои молчи и стои мирно, порачуваат од партијата преку соопштение.

И денеска продолжува кампањата за претседателските избори. Кандидатите преку митинзи, дебати и средби со граѓани и денеска ќе ги презентираат нивните програми. Кандидатот поддржан од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски кој ќе ја бара поддршката за втор мандат денеска е во Македонска Каменица, Пехчево, Берово и Делчево. Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова ќе биде во Теарце, Брвеница, Ѓорче Петров и во Куманово.

Претседателскиот кандидат поддржан од Европскиот фронт, Бујар Османи ќе одржи панел-дискусија во Скопје и средби со граѓани во Старата скопска чаршија. Кандидатот за претседател Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“ ќе има средби и активности во Скопје.

Кандидатот за претседател на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски ќе биде во Јегуновце, Теарце, Брвеница и во Тетово. Билјана Ванковска, кандидатот за претседател од Левица ја продолжува претседателската кампања во Гази Баба и во Неготино.

Претседателскиот кандидат на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски ќе се сретне со граѓаните во Неготино, Кавадарци и во Прилеп.

Слични содржини