Германското Министерство за надворешни работи денеска објави на социјалните мрежи дека сакаат да ја видат Македонија како членка на Европската Унија и дека e важно земјата во моментов да продолжи со уставните измени.
-Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ. Земјата иницираше важни реформи за оваа цел и овој пат мора доследно да се следи. Впрочем, сега мора да се продолжи со потребната уставна реформа, стои во објавата на профилот на „Х“ на германското МНР, кој е објавен со фотографија од министрите за надворешни работи на двете држави, Бујар Османи и Аналена Бербок.
Wir wollen #Nordmazedonien in der #EU sehen. Das Land hat hierfür wichtige Reformen angestoßen, diesen Weg gilt es konsequent weiter zu gehen. Insbesondere muss jetzt Kurs der notwendigen Verfassungsreform eingeschlagen werden. @ABaerbock mit @Bujar_O beim #Europarat in Straßburg pic.twitter.com/daGsRWRPVP
— Auswärtiges Amt (@AuswaertigesAmt) May 17, 2024
Покрај Германија, и Соединетите Американски Држави остануваат цврсто посветени на Преспанскиот Договорот и евроинтеграцијата на Северна Македонија, порачаа претставник на Стејт департментот, по изборите одржани на 8 мај.
Ставот на претставникот на американското министерство дојде како одговор на прашање на грчките дописници во Вашингтон – дали новата претседателка го прекршила Договорот, нарекувајќи ја при заклетвата нашата земја Македонија, а не Северна Македонија, како што е нејзиното уставно име.