Прегласувањето во Струга без проблеми, излезност од 64 отсто

од Илинка Илиоска
383 прегледи

Вкупно 483 лица или околу 64 проценти од регистрирани 755 гласачи го оствариле своето гласачко право во избирачкото место 1844 во Струга во прегласувањето на вториот круг од Парламентарните избори 2024 година.

Заменик претседателката на Општинската изборна комисија во Струга, Деспина Влаќеска информира дека процесот на гласање во оваа избирачко место во петтата изборна единица поминал без проблеми.

Прегласувањето на ова избирачко место утрово почна навреме, во 7 часот, а гласачкото место е затворено во 19 часот.

Од вкупно запишани 4.514 гласачи на седумте избирачките места на кои се прегласува за Парламентарните избори, до 18:30 чaсот гласале 2.487, односно 55,1 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Во Изборното место (ИМ) 2101 во Желино гласале 546 гласачи односно 54,98, отсто, во ИМ 1194 во Крушево гласале 325 гласачи односно 69,3 отсто, во ИМ 1202 во Крушево гласале 99 гласачи односно 33,22 отсто, во ИМ 1272 во Охрид гласале 356 гласачи односно 50,07 отсто, во ИМ 1470 во Долнени гласале 365 гласачи односно 55,47 отсто, во ИМ 1470/1 во Долнени гласале 324 гласачи односно 51,27 отсто и во ИМ 1844 во Струга гласале 472 гласачи односно 62,68 отсто.

-Во споредба со гласањето на 8 мај до 18:30 часот, на ова прегласување се забележува зголемена излезеност за 1,08 отсто на овие избирачки места, велат од ДИК.

Слични содржини