СДСМ: Дали ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски сакаат да го сопрат трендот во кој картелите ги владеат улиците?

од Nikola Popovski
234 прегледи

СДСМ со критики кон новото раководство на МВР и владеачката ВМРО-ДПМНЕ откако синоќа во Чаир се случи нова престрелка. Од најголемата опозициска партија посочуваат дека сигурноста на граѓаните е во постојан ризик.

Прстот го вперуваат во министерот Панче Тошковски.

-Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува криминалците и ја претвора Македонија во Див Запад. Нема разрешници на најтешките кривични дела откако Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ раководат со МВР, пет убиства останаа неразрешени и ова ги охрабрува пиштолџиите и бандитите.

ВМРО-ДПМНЕ и Тошковски покажуваат неспособност и некадарност. Се поставува прашањето дали воопшто сакаат да го сопрат овој тренд во кој картелите ги владеат улиците, а граѓаните живеат во страв, стои во партиското соопштение.

Едно лице е рането по синоќешното пукање. Од Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ во СВР Скопје било пријавено дека 31-годишниот Д.Б. бил донесен во болницата со повреди од огнено оружје.

Од МВР велат оти се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Според првични неофицијални информации, син на сопственик на популарна чајџилница е ранет при престрелката.

Слични содржини