28
Арсенал ќе го носи својот црн дрес на гости на гостувањето кај Тотенхем во недела, објавија „топџиите“ на својата официјална веб-страница.
Ова е неопходно бидејќи има премногу бели елементи на домашниот дрес на Арсенал, а домашниот дрес на Тотенхем традиционално е бел. Така, Арсенал за прв пат по 38 години нема да игра со домашен црвен дрес против Тотенхем.
„Двата тима ќе ги носат своите гостински дресови на дербито во Северен Лондон, откако Премиерлигата смета дека има премногу бело на нашиот дрес што се судира со традиционалните бои на Тотенхем“, соопшти Арсенал.
„Топџиите“ посочија дека за реваншот меѓу двата тима, кој е закажан за јануари, и Тотенхем ќе мора да носи различен дрес.