Ахмети не е заинтересиран да стане дел од оваа Влада: Не сме резервна гума

од Nikola Popovski
17 прегледи

Европскиот фронт контра постигнувањата на владата во првите 100 дена. Се дестабилизирала државата, се замрзнал балансерот, а со тргањето на економските директори, албанските пациенти останеле без здравствена грижа. Лидерот на ДУИ Али Ахмети повторно ги повика сите политички субјекти да се направи ветинг во државата и истрага за сите приватизации. Од собирот повик до партиите од ВЛЕН да ја напуштат Владата и да се приклучат на Европскиот фронт.

„Ние не сме заинтересирани да бидеме дел од оваа Влада. Дури и кога слушам вакви работи се иритирам. Нека знаат сите дека ние не сме резервна гума и кој сака да не става нас“, вели Али Ахмети.

Ахмети понатаму рече дека Албанците во Македонија се субјекти, а не објекти.

Лидерот на ДУИ во својот говор кажа и дека Европскиот фронт е легитимен претставник на Албанците и на помалите заедници, додавајќи дека коалицијата ВЛЕН не победила на изборите.

Во коалицијата ВЛЕН велат дека СДСМ се конструктивна опозиција, но не и ДУИ кои секогаш прават проблем.

Во следниот период ДУИ на средби со граѓаните во државата и организирање на тематски прес конференции. Во ДУИ велат дека со партиските ограноци ќе направат состаноци, а кон крајот на октомври и протест пред Собранието и Владата.

Слични содржини