Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), водечкиот глас за повеќе од половина милион Американци со македонско наследство во САД, им честита на новоизбраниот Претседател Доналд Џ. Трамп и на новоизбраниот Потпретседател Џ. Ди Венс за нивниот избор да ги предводат Соединетите Американски Држави во следните 4години.
„Со нетрпение очекуваме да оствариме комуникација со новоизбраниот Претседател Трамп и новоизбраниот Потпретседател Венс за приоритетите клучни за Македонско-Американската заедница“, рече претседавачот на Бордот на ОМД, Арџи Н. Белио. „Ние постоиме за да се залагаме за зајакнување на односите меѓу САД и Македонија, работиме на зближување на економските врски, како и унапредување на признавањето на придонесот на македонските-американци во американското општество и докажување на реалноста во релациите на македонските малцинства со нивните сегашни матични држави Бугарија и Грција и превзимање на одговорност за државните институционализирани дискриминации врз македонските малцинства“, додава тој,
Приоритетите на ОМД го вклучуваат следново:
Зајакнување на односите меѓу САД и Македонија: Зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија за зајакнување на дипломатските, економските и безбедносните врски.
Човекови права за македонските малцинства: Адресирање кон дискриминацијата на македонските малцинства во Грција и Бугарија и застапување заштита на нивните основни човекови права.
Договор за двојно оданочување: Поддржување на договор за двојно оданочување меѓу САД и Македонија и елиминација на двојното оданочување за поединци и бизниси, поттикнувајќи посилни економски односи.
Визна либерализација помеѓу Македонија и САД: Вклучување на Македонија во Програмата за укинување на визите на САД за да се олесни патувањето и да се зајакнат врските меѓу луѓето помеѓу двете нации.
Самоопределување и идентитет: Обезбедување поддршка од САД за правото на Македонија на нејзиното уставно име (Република Македонија) и самоопределување, вклучително и заштита на македонскиот идентитет и јазик.
Месец на Македонско-Американско наследство: Воведување на септември како месец на Македонско-Американското наследство за да се признае историскиот и културниот придонес на македонските-американци и промовира годишен прием во Белата куќа на кој се слават овие достигнувања.
-ОМД очекува да изгради позитивен и конструктивен однос со идната администрација на новоизбраниот Претседател Трамп и новоизбраниот Потпретседател Венс, промовирајќи заедничка посветеност за просперитет, потврдувајќи ја геополитичката позиција на Македонија во Југоисточна Европа и заштита на нашето богато македонско културно наследство, идентитет и јазик, стои во соопштението од македонската дијаспора.