Малески: Од стратешко значење за нас како државава е да бидеме на страна на Европската Унија

Според Малески, новата политичка реалност треба да биде во фокусот на државата и од страна на политичките фактори мора внимателно да се избираат одлуките и решенијата

од Даниел Ѓорѓиевски
185 прегледи

Соединетите Американски Држави треба и мора да бидат наш стратешки партнер и пријателските односи не само со администрацијата на Трамп, туку со сите минати и идни се од големо значење за нас, меѓутоа, да очекуваме личните контакти на одредени политички фактори во државата да ги решат меѓународните проблеми кои ги имаме, вклучително и со Бугарија може скапо да не чинат, изјави за Локално универзитетскиот професор и дипломат Денко Малевски.

,,Да се направи непријател од Америка е многу лошо, вклучително и за нас кои сме мала држава, но да се стават сите надежи во односите помеѓу две држави на лични контакти и пријателства може да доведе до грешки кои нас може многу скапо да не чинат бидејќи односите на државите, сите не само ние, ги водат интересите и замена за тие интереси не се личните контакти, коишто се важни но не пресудни, и лично сметам дека македонската надворешна политика мора многу да внимава како настапува,, изјави Малески.

Денко Малески

Денко Малески

Според Малески, воздржаност при гласање на резолуцијата на Обединетите Нации за Украина, која беше поддржана од Европската Унија, треба да се преиспита од страна на политичките фактори во државата, бидејќи според него од стратешко значење за нас како државава е да бидеме на страна на Европската Унија.

,,Наша ориентација треба да биде Европската Унија, така е од независноста на Македонија, ние од првиот ден како независни сме аспиранти за членство во унијата, а сега во процес да почнеме да преговараме и станеме членка, затоа сигурната варијанта во такви ситуации кога мораме да се определиме, мора да внимаваме што мисли европската унија и како таа ќе гласа бидејќи униполарниот момент во светската политика може сериозно да се одрази над нас. Ние имаме во минатото примери кога Албанија гласаше за Американска резолуција и тоа не беше лошо за нив како држава, но денес ние имаме поларизација, Америка се дистанцира од Европа што може да се види преку барањата на САД, Европа да вложува во сопствената безбедност. Така што мислам дека нашиот сигурен пат е да внимаваме како гласа Европската Унија,, кажа универзитетскиот професор.

На прашањето дали Македонија и премиерот Мицкоски треба да очекува новата американска администрација да го реши проблемот со Бугарија, Малески смета дека ако САД имале можност во минатото да влијаат во униполарниот момент кој го има Македонија во Евроатланските интеграции и не успеале, сега според него не е момент да очекуваме такво решение, барем не додека не се изнајде решение со конфликтот помеѓу Русија и Украина.

-Ако некогаш можеле да влијаат во тој униполарен момент а не успеале, можете да замислите сега како во оваа ситуација би изгледал таков обид, Повторно интересите се тие што определуваат, а особено администрацијата на Трамп која што нема многу разбирање за меѓународното право, за правдата, туку ги цени работите токму од аспект на САД. А од тој аспект може вака да гледате, пример, една порачка на авиони Ф-16 од страна на Бугарија за 2,5 милијарди долари која е во тек сега, почна испораката на авионите, замислите дали сето тоа нема да е во прилог на Бугарија ако се има во предвид дека е во интерес на САД, и сметам дека на тоа многу треба да се внимава,, беше дециден Малески.

Според Малески, новата политичка реалност треба да биде во фокусот на државава и од страна на политичките фактори мора внимателно да се избираат одлуките и решенијата кои не треба да бидат сведени на популизам, туку да се во фокус на решавање на проблеми и во интерес на сите во државата.

Д.Ѓ

Слични содржини