Според сататистиките на Министерството за внатрешни работи, во последните 10 години 1220 лица го загубиле животот во сообраќајни несреќи во државата, додека за истиот период со повреди се здобиле 37.300 лица.
Статисиките покажуваат дека за 10 години 9435 сообраќајки биле предизвикани поради возење со брзина поголема од дозволената, додека за истиот период непочитување на правила за првенство на минување било причина за 6754 сообраќајни несреќи. Во последните 10 години, недржење страна и правец на движење било причина за 5167 сообраќајни несреќи, а непрописно движење и свртување причина за 4124 несреќи, додека 2762 сообраќајки биле предизвикани поради возење под дејство на алкохол.
На територија на Скопје во истиот период, возење со брзина поголема од дозволената била причина за 3455 несреќи, следи Тетово со 2229 несреќи, Охрид со 1124 несреќи, Струмица со 814 несреќи, Битола со 649 несреќи, Штип со 507 несреќи, Куманово со 415 несреќи и Велес со 244 сообраќајни несреќи поради возење со брзина поголема од дозволената.
За истиот период на територија на главниот град поради непочитување на правила за првенство на минување биле предизвикани 2969 сообраќајни несреќи, следен е Тетово со 794 несреќи, Битола со 682 несреќи, Охрид со 588 несреќи, Штип со 440 несреќи, Велес со 389 несреќи и Струмица со 361 несреќа.
Во период од 10 години според статистиките на МВР, Штип е рекордер по сообраќајни несреќи предизвикани поради недржење страна и правец на движење каде се предизвикани 1006 несреќи, следен е Велес со 879 несреќи, Скопје со 788 несреќи, Куманово со 577, Охрид со 460, Тетово со 361 несреќа и Струмица со 327 несреќи.
За истиот период на територија на главниот град непрописно движење и свртување било причина за 1931 сообраќајна несреќа, следува Тетово со 439 несреќи, Битола со 368 несреќи, Штип со 350 несреќи, Охрид со 298 несреќи, Куманово со 274 несреќи, Велес со 238 несреќи и Струмица со 226 несреќи.
Во период од 10 години според статистиките на МВР, во Скопје поради возење под дејство на алкохол предизвикани се 671 сообраќајна несреќа, следна е Струмица со 395, Тетово со 394, Битола со 372, Велес со 332, Охрид 212, Куманово со 204 и Тетово со 123 сообраќајни несреќи предизвикани поради возење под дејство на алкохол.
Лошите статистики и загрижувачките бројки се показател за лошата сообраќајна култура во државата, непочитување на сообраќајните правила и сигнализација, лошата патна инфраструктура, и законските регулативи кои предвидуваат мали казни за прекршоци кои ја загрозуваат безбедноста во сообраќајот, а најдобар показател се последните несреќи кои се случија во главниот град каде животот го загуби Фросина Кулакова која беше прегазена на пешачки премин во самиот центар на главниот град, но иако од страна на надлежните беа заострени мерките, МВР бележи уште десетина слични несреќи во кои полесно или потешко се повредени пешаци ширум државата.
Д.Ѓ