Агелер и тимот од амбасадата со македонски поговорки по повод Денот на јазикот

од Марта Пешевска
168 прегледи

По повод Денот на македонскиот јазик, Амбасадата на САД во Северна Македонија објави видео на социјалните мрежи во кое амбасадорката Анџела Агелер и вработените во амбасадата изразуваат почит кон македонскиот јазик и култура.

„Среќен Ден на македонскиот јазик! Дали знаевте дека некои американски дипломати учат македонски јазик пред да дојдат во Скопје?“ – порача Агелер во видеото, потенцирајќи го значењето на јазикот како дел од националниот идентитет.

Во видеото се појавуваат вработени од амбасадата и волонтери од Мировниот корпус на САД, кои на македонски јазик изговараат познати народни поговорки. Меѓу нив се: „Кој рано рани, две среќи граби“, „Што ќе посееш, тоа ќе жнееш“, „Двапати помисли, еднаш прозбори“, „Далеку оди, но и за дома мисли“, „Без мака, нема наука“, „Виното и ракијата немаат нозе, ама по нозе маваат“, и „Трпение — спасение“.

Со оваа иницијатива, американската амбасада уште еднаш покажа посветеност кон меѓукултурната размена и поддршката на македонската културна традиција.