Видео што ќе ви го разубави денот: Мало мече се симнува од дрво на Пелистер

Мало мече беше снимено како се симнува од дрво во Националниот парк „Пелистер“. Иако не се потенцира за каков вид мече се работи секако дека ова кратко видео ќе ви го разубави денот.

од desk3
93 прегледи

Ренџерите од Националниот парк „Пелистер“ снимиле едно мало мече како се симнува од дрво на планината „Баба“, а според нивна процена станува збор за младо мече, кое е старо околу 2,5 години.

Инаку видеото е објавено на Фејсбук групата „Зелена берза“ и брзо привлече големо внимание кај следбениците.

За потсетување. Се смета дека кафеавата мечка е заштитен знак на националниот парк „Пелистер“.

Овој вид е присутен на ова поднебје од памтивек.

Големината на популацијата на Баба Планина се смета дека се состои од 25-35 единки.

Бидејќи главно е активна во ноќните часови нејзината бројност со сигурност тешко може да се одреди.

Но, од она што може да се види е дека тезата оти од мечка можеш да избегаш ако се качиш на дрво е погрешна – особено ако се земе предвид ова кратко видео.