Српските служби веќе три дена бараат двајца снајперисти, „знаеме кој им платил“, рече Вучиќ

„Три дена не можеме да ги најдеме. Ќе видиме кои се целите. Знаеме дека пристигнале, знаеме од каде дојдоа парите, верувам дека надлежните служби ќе можат да ги пронајдат“, рече Вучиќ.

од Vladimir Zorba
9 прегледи Фото: Видео/Принтскрин/Нова.рс

Три дена службите бараат двајца снајперисти. Познато е кој им платил, но сè уште не знаеме која е нивната цел, објави синоќа српскиот претседател Александар Вучиќ за ТВ Прва.

„Три дена не можеме да ги најдеме. Ќе видиме кои се целите. Знаеме дека пристигнале, знаеме од каде дојдоа парите, верувам дека надлежните служби ќе можат да ги пронајдат“, рече Вучиќ.

Српскиот претседател додаде дека „ова е нивниот единствен начин, но не можат да ја поколебаат мојата волја, не можат да ме победат“, но не прецизираше на кого мисли.

Во емисијата „Кирилица“ на ТВ Прва, Вучиќ рече дека изминатата година му била најтешка во професионална смисла.

Истакна дека помладите луѓе во Србија полека учат за политика, но „тоа не е лошо“.

„Добро е што го разбираат ова. Исто како што разбираат дека насилството им штети“, рече Вучиќ, осврнувајќи се на студентското движење што се појави пред една година како одговор на трагедијата во Нови Сад, каде што на 1 ноември се урна настрешница на железничката станица, при што загинаа 16 лица, а едно беше тешко повредено.