Бројот на работниците во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, во секторот Рударство и вадење на камен се намалил за 2.8 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.9 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1.0 %.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, се намалил во групите Енергија за 2.1 %, Капитални производи за 5.6 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.1 % и Интермедијарни производи, освен енергија за 0.3 %, а се зголемил во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 4.6 %.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври 2025 година, во однос на периодот јануари – октомври 2024 година, се намалил за 3.6 %.
Бројот на работниците во индустријата во октомври 2025 година, во однос на октомври 2024 година, се намалил за:
* 2.8 % кај рударството и вадењето камен
* 2.9 % кај преработувачката индустрија
* 1.0 % кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација