Што се случува со Буџетот – во понеделник трезорот „под клуч“- веќе се доцни со исплати по различни основи !

Во понеделник запираат исплатите од државата, Министерството за финансии го затвора трезрот. Оваа информација која веќе е потвредена од синдикатите и од дел од пратениците, е проследена и со бројни реакции во јавноста дека веќе се доцни со исплата на плати во дел од јавниот сектор и со исплата на социјална и државна помош по различни основи

од Vladimir Zorba
528 прегледи Фото: Принтскрин/Pexels

Во понеделник запираат исплатите од државата, Министерството за финансии го затвора трезрот. Оваа информација која веќе е потвредена од синдикатите и од дел од пратениците, е проследена и со бројни реакции во јавноста дека веќе се доцни со исплата на плати во дел од јавниот сектор и со исплата на социјална и државна помош по различни основи.

„Секогаш на почеток од месецот добивав надоместок за мобилност, 6 000 денари, но овој месец доцни а тие пари се важни за мене , за терапијата што морам да ја купам, за физикалните вежби“ – вели скопјанката Светлана.

Трезорската сметка вообичаено се затвора на 25 ти декември, но не ретко тајмингот е и до 29 во тековниот месец. Ова досега не се случил – да се се затвори трезор 20 дена, вели за „Локално“ пратеникот и поранешен вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи.

Фатмир Битиќи; Фото: Фејсбук/СДСМ

„До сега ова не се случило, министерството за финансии на вакв начи сака да изврши “пртисок“ врз институциите админитративно да ги достават налозите за исплати па на таков наќин финансии ќе имаат увид колку пари до крајот на годината треба да исплатат од Буџетот а причината за ова е зошто пари во буџетот нема, доведена е во прашање ликвидноста “ – смета Битиќи.

Во деновите кога се водеше собраниската дебата за новата буџетска година, министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска изјави дека буџетската каса е ликвидна.

„Буџетот е во одлична кондиција и дека нема никаков проблем со ликвидноста“ – изјави министерката Кочоска.

Гордана Димитриеска Кочоска; Фото: Принтскрин/Јутјуб/Влада

Во образложението за дополнетиот Буџет за 2026-та, министерката повтори дека и следната година ќе се продолжи со политиката на дисциплинирано трошење на јавните пари и дека државата навреме ќе ги сервисира сите функции.

Деновите засилија информациите дека се доцни со исплата по различни основи, за плати, социјални надоместици, поврат на ДДВ. Дел од граѓаните реагираа и на социјалните мрежи – особено за исплата на социјалните надместоци, надоместокот за трето дете, за мобилност, за лица со попреченост. Од Министерството за социјална политика демографија и млади кратко информираа дека исплатите ќе се релизираат во најкраток можен рок. За доцнењето на платите и додатоците на плата пак реагираше Синдикатот на УПОЗ.

Трпе Деаноски; Фото: Принтскрин/Фејсбук/ТВ 24

„Ниту судиите, ниту адмистративците до 10 декември не ја зеле ноемвриската плата, а нема абер ниту за исплата на регресот за годишен одмор, иако се знае дека до 15 декември ќе се затвори трезорската сметка. Додатоците на плата не се исплатени од март, што е неприфатлив“ – изјави Трпе Деаноски од УПОЗ.

Кога министерството деновиве ќе добие увид во тоа колку исплати треба да релизира до крајот на оваа година – ќе посегне по приоретизирање, тоа значи дека ќе се направат само оние исплати што мора и во ваков случај вообичаено ќе „настрадаат“ капиталните расходи, вели Битиќи.

Фото: Локално

„Состојбата покажува дека нема ликвидност, ќе ги приоретизираат исплатите, сумите за капитални расходи  ќе се пренасочат за тековни, поради што не се исклучува нова можна владина одлука за прераспределба на средства до крајот на годината или пак прераспределба на средства во рамките на самите институции. Затворањето на трезорската сметка на 15 ти, во понеделник,  е со цел да се види колку пари недостасуваат на расходната страна. Да се затвори трезор 20 дена е досега невидена работа, сите исплати од име на државата поминуваат низ оваа сметка “ – вели Битиќи.

Во средата со 71 глас за и 14 против во Собранието беше изгласан Буџетот за 2026 та година, но трошењето на парите од новата буџетска каса стартува на 1 ви јануари, следната година.

Д.А.