Филипче: Дали ВМРО-ДПМНЕ бега од отворањето на досиејата на тајните служби кој исто така е услов во францускиот предлог?

„Ќе дојде време кога ќе ни биде жал што не сме го прифатиле францускиот предлог“, смета лидерот на СДСМ

од Nikola Popovski
52 прегледи Фото: СДСМ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вели дека е прилично сигурен дека ќе дојде време, ама очигледно на подалечни патеки, во кое што ќе бидеме среќни што сме го имале францускиот предлог на маса.

-И ќе ни биде жал и криво што не го прифатиле тоа што е понудено од ЕУ. Тоа што само од 11% од граѓаните ги прифаќаат уставните измени е еден од сигналите дека навистина се информирани од центри за информација кои што шират лажни вести. Кога ќе ја прашате власта, никој нема ништо против уставните измени сами по себе и против внесување на Буарите во Уставот. Стравувањата се дека по отворање на поглавјата, можеме да се соочиме со непринципиелни барања кои што задираат во идентитетските обележја и тоа никој не го прифаќа. И ние не го прифаќаме. Затоа ја дадовме предлог-резолуцијата. Во неа пишуваше да се обединиме околу нашите црвени линии. Ги отвораме поглавјата, почнува вистинската реформа и европските претставници се тука присутни во работни групи. Доаѓаат европските фондови, граѓаните ќе имаат бенефит, кажа денеска Филипче на прес-конференција.

Претседателот на СДСМ бара да тргне, како што вели, напред работата, при што во иднина ќе имаме механизми да се справуваме. Потенцира дека со францускиот предлог, не се загрозени идентитетските карактеристики.

-Се поставува друго прашање. Не се само уставните измени во францускиот предлог – еден од чекорите се и отворањето на досиејата на тајните служби кој исто така е услов. Да не бегаат ВМРО-ДПМНЕ од тоа? Сите поранешни социјалистички земји тоа го направија, само ние не. Тајните служби од една држава што веќе 35 години не постои. Од што стравуваат ако кажуваат дека уставните измени не им сметаат, праша лидерот на СДСМ.